• понеделник, 25 ноември 2024

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија со илуминација одбележува „75 години НАТО“

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија со илуминација одбележува „75 години НАТО“

Скопје, 11 јули 2024 (МИА) - Зградата на МНР вчера и денеска е осветлена во сино по повод одбележувањето на 75 години од формирањето на Алијансата, како и одржувањето на НАТО Самитот во Вашингтон, соопшти денеска МНР.
 
Република Северна Македонија, додаваат оттаму, е кредибилен НАТО сојузник со активен придонес во зајакнувањето на колективната безбедност и зачувувањето на трансатлантската стабилност.

-Заедно со нашите сојузници во Алијансата стоиме обединети во определбата за одбрана на споделените демократски вредности и заложбите за траен мир и просперитет, велат од Министерството за надворешни работи и надворешна трговија. сст/цр/

фото МНР

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан