• недела, 05 мај 2024

Се модернизират железничките премини на две улици во Кочани

Се модернизират железничките премини на две улици во Кочани

Кочани, 26 април 2024 (МИА) – Работници и механзиација на ЈП „Македонски железници – Инфраструктура“ почнаа со градежните активности за модернизација на премините на пругата Велес – Кочани, на две улици во градското подрачје на Кочани.

На дел од железничката линија што се вкрстува со булеварот „Никола Карев“ во близина на Основниот суд, се менуваат старите и дотраени дрвени прагови со бетонски. На премините се поставува гумена подлога за да се олесни минувањето на возилата и да се забрза протокот на сообраќајот.

-Поради тековните активности, влезот односно излезот во Кочани од правецот на селото Грдовци е затворен за сообраќај. Надлежните служби во Локалната самоуправа ги повикуваат сите учесници во сообраќајот да го почитуваат времениот сообраќаен режим за да се избегне метежот и застојот во движењето на возилата, информираат од Општина Кочани.

По завршувањето на оваа делница, градежните работи ќе продолжат на преминот на улицата „Лазар Андонов“, во близина на Ветеринарната станица. На оваа локација ќе се обнови и оштетената сообраќајна сигнализација, а ќе се направи соодветен простор за побезбедно движење на пешаците.та/фф/

Фото: МИА

Остани поврзан