• недела, 19 мај 2024

СЕ изрази загриженост поради Украина и побара смирување на реториката и дијалог

СЕ изрази загриженост поради Украина и побара смирување на реториката и дијалог
Стразбур, 15 февруари 2022 (МИА) - Советот на Европа (СЕ) денеска изрази голема загриженост поради тензиите околу Украина и заканата од голем судир помеѓу земји-членки  на СЕ и побара смирување на реториката и дејствувањето, како и на дијалог. СЕ апелира да се удвојат напорите за да се избегне понатамошно влошување на ситуацијата и евентуален вооружен судир. - Апелираме веднаш да се смири реториката и акциите и да се бара дијалог. Дијалогот мора да се заснова на почитување на принципите на Статутот на Советот на Европа и на Европската конвенција за човекови права, што сите земји-членки на Советот на Европа мора да почитуваат, поддржат и имплементираат, се наведува во соопштението на СЕ. ми/

Тагови

Остани поврзан