• сабота, 27 јули 2024

Руската нафтена рафинерија во Краснодар привремено ја прекина работата по украинските напади со дронови

Руската нафтена рафинерија во Краснодар привремено ја прекина работата по украинските напади со дронови

Moсква, 19 мај 2024 (МИА) - Руската нафтена рафинерија „Славјанск“ во јужниот дел на областа Краснодар денеска привремено ја прекина работата по синоќешниот напад на украински беспилотни летала, јавија руските медиуми.

Според извештаите на локалните власти, шест украински беспилотни летала паднале на територијата на рафинеријата.

Дроновите со кои беше нападната рафинеријата во јужниот дел на Русија не предизвикаа пожари, додаваат медиумите, повикувајќи се на властите.

Рафинеријата има капацитет од четири милиони тони нафта годишно, што е околу еден милион барели дневно. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан