• четврток, 13 јуни 2024

Инцидентот при слетувањето на хеликоптерот со кој патуваше претседателот на Иран, Раиси

Инцидентот при слетувањето на хеликоптерот со кој патуваше претседателот на Иран, Раиси

Техеран, 19 мај 2024 (МИА) – Иранската државна телевизија објави дека хеликоптерот, со кој се превезувал претседателот на Иран, Ебрахим Раиси, имал „тврдо слетување“.

Телевизијата не соопшти детали за инцидентот, само дека спасувачи се обидуваат да стигнат до хеликоптерот со кој се превезуваа Раиси и други функционери, меѓу кои и министерот за надворешни работи Хосеин Амирабдолахиан.

Раиси патувал во иранската провинција Источен Азербејџан, а инцидентот се случи во близина на градот Џолф, во близина на границата со Азербејџан, на околу 600 километри северозападно од главниот град на Иран, Техеран. ми/

фото: ЕПА

Остани поврзан