• понеделник, 23 декември 2024

Зеленски во обиколка на војниците на пограничниот регион Суми, кои се борат во рускиот Курски регион

Зеленски во обиколка на војниците на пограничниот регион Суми, кои се борат во рускиот Курски регион

Киев, 4 октомври 2024 (МИА) - Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска соопшти дека престојувал во регионот Суми, на границата со Русија, каде се сретнал со војниците кои учествуваат во борбите од другата страна на границата, во рускиот Курски регон.

Украина на 6 август започна офанзива на оваа руска погранична област.

„Денес го започнав моето патување во регионот Суми со средбата со нашите војници, момци кои се борат во регионот Курск за да ги одбранат нашите погранични области и целата земја“, напиша Зеленски на Телеграм.

Од почетокот на руската инвазија, на 24  февруари 2022 година, Зеленски неколку пати ја посетил областа во близина на фронтот.сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан