• недела, 22 декември 2024

САД и Велика Британија нападнаа хути во Јемен кои напаѓаат бродови

САД и Велика Британија  нападнаа хути во Јемен кои напаѓаат бродови

 

Вашингтон, 4 октомври 2024 (МИА) - Американски и британски сили денеска погодија повеќе од десетина оружени системи, бази и други објекти на бунтовниците Хути поддржани од Иран во Јемен.

Воени авиони и бродови гаѓаа упоришта на хутите на пет места, соопштија американски официјални лица.

Медиумите во Јемен објавија дека аеродромот во Ходеида, водечкиот пристанишен град, и областа Катеиб, каде воената база е под контрола на движењето хути, биле погодени седум пати, а четири напади биле во областа Сеијана во главниот град на Јемен. Сана и две во провинцијата Дамар.

Канцеларијата за медиуми на движењето хути објави дека биле издадени три предупредувања за напади во провинцијата Бајда, југоисточно од Сана.

Пред неколку дена хутите се заканија дека ќе го нападнат Израел, откако тие очигледно соборија американско воено беспилотно летало над Јемен. Минатата недела групата ја презеде одговорноста за нападот врз американските воени бродови. зш/

Остани поврзан