• петок, 22 ноември 2024

Се асфалтира и уредува улица „Козјак“ во Општина Кисела Вода

Се асфалтира и уредува улица „Козјак“ во Општина Кисела Вода

Скопје, 1 април 2023 (МИА) - Во Општина Кисела Вода од утрово започнаа градежни активности за санација на улицата „Козјак, како и партерно уредување на просторот во непосредна близина.

Како што посочуваат од Општината, нов асфалт ќе добие коловозот на „Козјак, а ќе бидат опфатени и тротоарите. Со павер елементи ќе се поплочат пристапните патеки, а ќе се постави и нова урбана опрема, клупи и корпи за отпад. Од Општината велат дека ќе се разгледа и можноста за изградба на ново катче за нивните домашни миленици, како и за оплеменување на просторот со нови дрвца.

-Денес сме во централниот дел на нашата општина, на улицата „Козјак" каде во периодот што следи ќе работиме на целосно менување на ликот на просторот, преку градежни зафати на самата улица, но и на просторот околу неа. Се работи за дел од Кисела Вода, каде има повеќе станбени објекти, повеќе жители кои години наназад барале подобри услови и не биле слушнати од сите претходни градоначалници. Со отпочнатите активности, во кои се вклучени досегашните барања кои стигнувале до Општина Кисела Вода, сакам да упатам јасна порака дека нема да дозволам тие да се почувствуваат заборавени. Покрај асфалтирањето на улицата Козјак и санацијата на тротоарите, ги уредуваме и пристапните и пешачките патеки, поставуваме и нова урбана опрема, а ќе ја разгледаме и можноста за уште едно од поновите барања за изградба на паркче за нивните миленичиња, изјави Ѓорѓиевски кој денеска е на увид во градежните работи.

Додаде дека додека работат, добредојдени се идеите и сугестиите на жителите на улица „Козјак“ и останатите граѓаните кои живеат во непосредна близина за, како што кажа, заеднички да го промениме ликот на овој дел од градот. мс/мч/

Фото: Општина Кисела Вода

Остани поврзан