• четврток, 16 мај 2024

Сеул: Пјонгјанг лансираше повеќе крстосувачки ракети од својот источен брег

Сеул: Пјонгјанг лансираше повеќе крстосувачки ракети од својот источен брег

Сеул, 28 јануари 2024 (МИА) - Северна Кореја лансираше повеќе крстосувачки ракети од локација на нејзиниот источен брег, соопшти јужнокорејската војска.

Не е прецизирано колку проектили се лансирани, но се наведува дека е зголемена будноста на јужнокорејската армија и следењето на севернокорејските воени активности, како и дека се анализираат најновите севернокорејски ракетни тестови во соработка со американската војска.

Северна Кореја ја интензивира својата конфронтација со Вашингтон и неговите сојузници, но официјални лица во САД и Јужна Кореја велат дека не виделе никакви индикации дека Пјонгјанг има намера да преземе воена акција. ссм/

фото: архива

Остани поврзан