• сабота, 18 мај 2024

Села: Целта на Таравари била поделбата на партијата

Села: Целта на Таравари била поделбата на партијата

13 февруари 2024 

Зиадин Села, во емисијата Клан Дебат изјави дека целта на политичките дејствија на првиот човек на АА, Арбен Таравари била да се подели партијата. Според Села, Таравари им наредил на председателите на ограноците да се изјаснат врз основа на расположението на подограноците, дали се за коалиција со ДУИ или со опозицијата. Само 4 ограноци, како што вели Села, биле за коалицирање со опозицијата, додека сите останати ограноци биле на став дека АА треба да излезе сам на изборите.

„Целта беше да се добијат евиденции за тоа кои се тие ограноци, кои ќе му се придружат на целта за поделба на АА. За жал, јас го забелезив и чуството ми кажуваше дека тој долго време ја прави оваа игра“, вели меѓу другото Зиадин Села.

Алијанса за Албанците (АА)

—————————————————————————————————————————

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

фото: МИА архива 

Остани поврзан