• вторник, 14 мај 2024

Села повторно претседател на Алијанса за Албанците, Таравари разрешен

Села повторно претседател на Алијанса за Албанците, Таравари разрешен

Скопје, 18 февруари 2024 (МИА) - На денешниот четврти конгрес на Алијансата на Албанците Зијадин Села е избран за претседател на партијата, а од функцијата е разрешен Арбен Таравари. Конгресот заврши, а се очекува Села да даде изјава за медиумите. 

Во петокот во Скопје конгрес одржа крилото на Алијансата за Албанците предводено од Арбен Таравари, а тој беше реизбран за претседател на партијата.   

Расколот во партијата почна откако Таравари објави дека ќе ја поддржи албанската опозоција на изборите, а Села рече дека партијата не е консултирана и дека тие ќе одат на избори самостојно. вј/ев/ 

ФОТО: МИА

 

Остани поврзан