• понеделник, 23 декември 2024

Седум лица го загубија животот во пожар во хотел во предградие на Сеул

Седум лица го загубија животот во пожар во хотел во предградие на Сеул

Сеул, 22 август 2024 (МИА) - Најмалку седум лица загинаа во пожар што избувна во хотел во Јужна Кореја во текот на ноќта, соопштија јужнокорејските медиуми, пренесе германската новинска агенција ДПА.

Пожарот избувнал синоќа во градот Бучеон, предградие западно од главниот град Сеул, пренесе јужнокорејската новинска агенција Јонхап.

Најмалку 12 лица се повредени, од кои тројца се во сериозна состојба, наведува Јонхап. Некои од жртвите загинале откако скокнале од прозорците на зградата.

Пожарот избувнал на осмиот кат од деветкатната зграда, а околу 160 пожарникари биле испратени да го изгаснат огнот. Спасувачките операции во хотелот продолжуваат, изјавил полициски претставник за Јонхап. ссм/

фото: ЕПА

Остани поврзан