• четврток, 14 ноември 2024

СДСМ: Нема нови автобуси во Скопје само заради ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ: Нема нови автобуси во Скопје само заради ВМРО-ДПМНЕ

Скопје, 29 август 2024

ВМРО-ДПМНЕ  не дозволи да се набават нови автобуси за ЈСП „Скопје“ . На денешната седница на Советот на Град Скопје, сите советнички групи гласаа „за“, а само советниците на ДПМНЕ не гласаа за одлуката, за набавка на нови автобуси.

Нема нови автобуси во Скопје само заради ВМРО-ДПМНЕ, и со ова уште еднаш покажаа дека не само што не им е грижа за граѓаните , туку продолжуваат да ги малтретираат граѓаните.

На Советот на Град Скопје, зборуваше советничката на СДСМ Љубица Јанчева, која им се обрати на советниците на ДПМНЕ.

„Иако беше образложено зошто БРТ е најдобриот концепт за Скопје и тој не победи, ќе прашам,  250 автобуси кои ги ветивте каде се ? Бесплатниот јавен превоз каде е? Што е и со програмата за модерно Скопје, ја имате ли? Ако ја имате, зошто не ја реализирате? Она што ќе ви каже Мицко, вие само за тоа  гласате„ рече Јанчева.

 

Центар за комуникации со јавноста на СДСМ

__________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

 

Фото: СДСМ

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан