• недела, 22 декември 2024

СДСМ го осудува нападот на новинарите од ТВ 24

СДСМ го осудува нападот на новинарите од ТВ 24

Скопје, 5 април 2024 

 

СДСМ го осудува нападот на новинарската екипа на ТВ 24 кој се случил за време на вчерашниот партиски митинг на ДПМНЕ. Тоа е недозволиво.


За жал, нема никаква промена во ДПМНЕ. Нападите на новинарите и злоупотребите на медиумите го покажуваат вистинското лице на Мицкоски и неговата партија. 


Слободата на говорот за нив е мисловна именка. 


Напаѓаат и навредуваат новинари, монтираат анкети, јавниот сервис го користат како месен комитет на партијата - однесување препознатливо за мрачните времиња од владеењето на Груевски. 


Мицкоски секојдневно докажува дека е копија на неговиот ментор од Будимпешта.

 


Центар за комуникации со јавноста на СДСМ

________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан