• сабота, 21 декември 2024

Саудиска Арабија поднесе кандидатура за домаќин на Светското првенство во 2034 година

Саудиска Арабија поднесе кандидатура за домаќин на Светското првенство во 2034 година

Ријад, 9 октомври 2023 (МИА) - Фудбалската федерација на Саудиска Арабија (САФФ) испрати писмо со намери до ФИФА да биде домаќин на Светското првенство во 2034 година. На писмото е потпишан од претседателот на организацијата Јасер Ал-Мишехал.

- Ова е втор чекор во исклучително возбудливото патување на кое е нашата нација. Минатата недела ја објавивме нашата амбиција да бидеме домаќини на Светското првенство на ФИФА во 2034 година, а оваа официјална понуда ја потврдува нашата посветеност да ги оствариме соништата на нашите луѓе.

Светското првенство во фудбал во 2034 година е наша покана до целиот свет да биде сведок на развојот на Саудиска Арабија, да се запознае со нејзината култура и да стане дел од нејзината историја. Решени сме да ја претставиме најконкурентната понуда која исто така ќе помогне да се обедини светот преку фудбалот, изјави Ал Мишехал.

Претходно се дозна дека Светското првенство во 2030 година ќе се одржи во Уругвај, Парагвај, Аргентина, Шпанија, Португалија и Мароко. Земјите од Јужна Америка ќе бидат домаќини на воведните 3 натпревари на турнирот. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан