• вторник, 21 јануари 2025

Сабаленка стана првата тенисерка во 21 век која победила на 19 последователни натпревари на Австралија Опен

Сабаленка стана првата тенисерка во 21 век која победила на 19 последователни натпревари на Австралија Опен

Мелбурн, 21 јануари 2025 (МИА) - Арина Сабаленка го доби својот 19. меч по ред на Австралија Опен.

Белоруската тенисерка се пласираше во полуфиналето победувајќи ја Анастасија Пављученкова (6:2, 2:6, 6:3).

Сабаленка е шампионка на претходните две изданија на Грен слемот во Мелбурн.

Таа е прва по Мартина Хингис која има ваква победничка серија на Австралија Опен за жени. Швајцарката победи на 27 последователни натпревари во Мелбурн помеѓу 1997 и 2000 година (титули 1997-1999 и финалето 2000 година). зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан