• петок, 21 февруари 2025

Поскапени билетите за македонските навивачи во „Вараждин Арена“

Поскапени билетите за македонските навивачи во „Вараждин Арена“

Вараждин, 21 јануари 2025 (МИА) - Светската ракометна федерација во соработка со домаќинот Хрватска ги објави цените за втората фаза од Светското првенство, а најскапи се во „Вараждин арената“ каде што игра Македонија. 

Цените на билетите за средбите во Вараждин се зголемени од 50 и 70 евра на 80 и 100 евра. 

Македонската селекција денес од 15:30 часот, Македонија ќе игра со Австрија.

За разлика од Вараждин, во „Арената Загреб“, каде што ќе се играат натпреварите од втората фаза, билетите се пуштени во продажба по 40, 60 и 80 евра. 

Најевтини се билетите за Претседателскиот куп во Пореч, каде цените се движат од 5 до 25 евра. зс/

Фото: МИА

Остани поврзан