• недела, 19 мај 2024

Санчо нов фудбалер на Манчестер јунајтед

Санчо нов фудбалер на Манчестер јунајтед
Манчестер, 23 јули 2021 (МИА) - Манчестер јунајтед објави за купување на играчот за врска на Борусија Дортмунд, Џејдон Санчо. Износот на трансферот не е обелоденет. Според порталот „Transfermarkt.com“, англискиот клуб платил 85 милиони евра за фудбалерот. Дваесет и едногодишниот Англичанец потпиша договор со „црвените ѓаволи“ до крајот на јуни 2026 година со опција за продолжување на уште една година. Во сезоната 2020/21, Санчо забележа 38 настапи за Борусија Дортмунд, постигнувајќи 16 гола и 20 асистенции. зс/

Остани поврзан