• вторник, 30 април 2024

Санкционирани 70 возачи на територија на Кочани

Санкционирани 70 возачи на територија на Кочани

Скопје, 22 април 2024 (МИА) - На територија на Кочани во текот на вчерашниот ден е спроведена акциска контрола на полицијата за санкционирање на возачи кои не ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. 

Како што денеска соопшти Министерството за внатрешни работи санкционирани се 70 возачи од кои 23 за возење без возачка дозвола, седум поради измината важност на сообраќајната дозвола, а изречени се и осум мерки за непрописно вградени фолии (затемнети стакла)...

На сите прекршители им се изготвени соодветни пријави. бак/

Фото: МИА архива

Остани поврзан