• недела, 05 мај 2024

Санкционирани 1655 возачи на мотоцикли во текот на јуни, 49 одземени

Санкционирани 1655 возачи на мотоцикли во текот на јуни, 49 одземени

Скопје, 3 јули 2023 (МИА) - Во текот на јуни годинава во спроведени засилени акциски контроли на територијата на државава за санкционирање на прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли, биле санкционирани 1655 возачи, известуваат од МВР.

-Од нив, 999 возачи не користеле заштитна кацига за време на возење, 389 возеле без возачка дозвола, 49 мотоцикли биле одземени поради истечена сообраќајна дозвола и предизвикување голема бучава и друго, соопштуваат од полицијата.

Од МВР најавуваат дека засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. ир/лв/

 

Фото: МИА архива

Остани поврзан