• четврток, 11 јули 2024

Санкционирани 125 возачи во Скопје

Санкционирани 125 возачи во Скопје

Скопје, 11 јули 2024 (МИА) - Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден продолжи со контролите во областа на сообраќајот при што на територија на град Скопје изречени се вкупно 125 мерки.

Како што соопшти МВР, меѓу мерките 10 се изречени за возење без возачка дозвола, девет за користење на мобилен телефон при управување, шест санкции за нерегистрирани возила, шест мерки за некористење на сигурносен појас, 19 санкции за прекршоци што ги чинат возачи на мотоцикл...

-Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, пораќуваат од МВР. вг/

Фото: МИА Архива

Остани поврзан