• петок, 12 јули 2024

Реакција од МО и од Генералштабот на Армијата во врска со започнувањето на пожарот во околината на село Пепелиште

Реакција од МО и од Генералштабот на Армијата во врска со започнувањето на пожарот во околината на село Пепелиште

Скопје, 12 јули 2024

 

Почитувани граѓани,

Би сакале да ги демантираме изнесените информации, односно непроверени информации во врска со започнувањето на пожарот во околината на с. Пепелиште.

Имено, припадниците на Армијата односно питомци кои се наоѓаат во Центарот за обука ,,Пепелиште” се први кои се вклучија во борбата со пожарот.

Во текот на вчерашниот ден вежбовните активности на питомците се изведуваа на АП „Криволак“ и истите завршија во 10:00 часот. Се работи за две различни локации односно на реонот каде започнал пожарот немало никакви активности од страна на припадници на Армијата.

Питомците заедно со останатите армиски припадници до доцните вечерни часови помагаа во гаснење на пожарот и истите продолжија и денеска да го гаснат пожарот на терен и од воздух

Министерство за одбрана

__________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан