• четврток, 19 декември 2024

Министерот Минчев оствари средба со директорката на РеСПА, Маја Ханџиска Трендафилова

Министерот Минчев оствари средба со директорката на РеСПА, Маја Ханџиска Трендафилова

Скопје, 11 јули 2024 (МИА) - Министерот за јавна администрација Горан Минчев, денеска остварил работна средба со директорката на РеСПА, Маја Ханџиска Трендафилова, на која информирал за приоритетните активности во новото МЈА.

Во фокусот на разговорите, како што соопшти Министерството, била одличната соработка и идната подаршка и можностите за користење на механизмите на РеСПА што нашата земја има можност да ги добива како земја членка.

Директорката на РеСПА, Трендафилова го информирала министерот за мисијата и функционирањето на РеСПA, која има за цел да го поддржи создавањето на транспарентни, одговорни и професионални институции на јавната администрација кои обезбедуваат ефикасни услуги во корист на граѓаните и бизнисите.

Имено, РеСПА активностите се насочени и кон организирање и испорака на обуки, конференции, настани и публикации кои имаат за цел да пренесат нови знаења и вештини, како и да се олесни размената на искуства во рамките на регионот, помеѓу регионот и земјите членки на ЕУ.

Министерот Минчев се заблагодарил на придонесот и подршката што РеСПА ја дава на нашата земја во клучните реформски процеси и очекува соработката да продолжи и во иднина.

Со РеСПА, како што се наведува во соопштението, оваа година претседава нашата држава. дма/ац/

Фото: Министерство за јавна администрација

Остани поврзан