• сабота, 27 јули 2024

Санкционирани 108 возачи во Скопје

Санкционирани 108 возачи во Скопје

Скопје, 21 мај 2024 (МИА) - Во вчерашната акција на Секторот за внатрешни работи Скопје на територијата на главниот град вкупно биле изречени 108 мерки.

- За возење без возачка дозвола изречени се 13 санкции, осум санкции за користење мобилен телефон при возење, пет мерки за некористење на сигурносен појас, информираат од МВР.

МВР апелира да се почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот. ир/са


Фото: МИА архива

Остани поврзан