• петок, 20 декември 2024

Санкционирани 345 возачи за брзо возење

Санкционирани 345 возачи за брзо возење

Скопје, 22 август 2023 (МИА) – Санкционирани се 345 возачи во текот на вчерашната акциска контрола на територијата на државата за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, спроведена од Министерството за внатрешни работи.

Како што известуваат од МВР, од вкупниот број санкционирани, 13 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а четири возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа 198 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 147 надвор од населено место.

МВР најави дека сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови, и апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи со цел заеднички придонес за побезбедни патишта. сан/ир

Фото: МИА архива

Остани поврзан