• вторник, 24 декември 2024

Самит на Отворен Балкан: Заемно признавање дипломи, соработка во културата, туризмот и даночните управи

Самит на Отворен Балкан: Заемно признавање дипломи, соработка во културата, туризмот и даночните управи
Скопје, 8 јуни 2022 (МИА) - Лидерите на земјите од „Отворен Балкан“, премиерот Димитар Ковачевски, неговиот албански колега Еди Рама и претседателот на Србија Александар Вучиќ на Самитот на Отворен Балкан заедно со владините претставници и делегации на трите земји ги потпишаа документите за соработка во областа на образованието, културата, туризмот и од областа на даночната политика. Трите држави го потпишаа Договорот за соработка на Западен Балкан во полето на взаемно признавање на дипломи и научни титули издадени во високообразовните институции и други овластени институции. Со одредбите се забрзува постапката за прифаќање на дипломите и професионалните звања, со што се поедноставува и олеснува процедурата, како исклучителна придобивка за граѓаните од регионот со позитивни импликации за заедничкиот пазар на трудот. Договорот го потпишаа Ковачевски, Вучиќ и Рама.На самитот денеска беше потпишан и Меморандумот за разбирање за соработка во областа на туризмот. Со овој меморандум, кој го потпишаа министерот за економија Северна Македонија Крешник Бектеши, министерката за туризам и животна средина на Албанија Мирела Кумбаро-Фурчи и министерката за трговија, туризам и телекомуникации на Србија, Татјана Матиќ, се предвидуваат активности за заедничка промоција на регионот како атрактивна туристичка дестинација.Една од целите на Меморандумот за соработка во културата, што денеска го потпишаа министерките за култура на Северна Македонија, Албанија и Србија, Бисера Костадинова-Стојчевска, Елва Маргарити и Маја Гојковиќ, е креирање на заеднички календар на културни настани што ќе донесе поголема мобилност на публиката и ќе го поттикне културниот туризам. Со Меморандумот за разбирање за соработка на даночните администрации меѓу земјите од регионот, што денеска исто така беше потпишан на самитот „Отворен Балкан“ во Охрид се создаваат нови можност за полесно прекугранично движење на луѓето, стоките или услугите. Меморандумот за разбирање за соработка на даночните администрации во Западен Балкан го потпишаа директорката на Управата за јавни приходи на Северна Македонија Сања Лукаревска, директорка на даночната управа на Србија Драгана Марковиќ, и директорот на Генералниот директорат за даноци на Албанија Цено Клоси.На потпишувањето на документите од трите држави-иницијатори на „Отворен Балкан“, во рамки на самитот во Охрид, претходеа неколку панел сесии, на кои се обратија лидерите, претставници на меѓународната заедница, на стопански комори и на разни други институции, на кои беше истакнато дека земјите од Западен Балкан се тесно поврзани и дека нивната соработка е поттик за унапредување на регионалната соработка и за напредок на секоја земја одделно.бт/лв/

Остани поврзан