Општина Крива Паланка добива зелен катастар
- Општина Крива Паланка го почна процесот за подготовка на катастар на зелени површини со повеќегодишни растенија во урбаниот дел на општината.

Крива Паланка, 19 февруари 2025 (МИА) – Општина Крива Паланка го почна процесот за подготовка на катастар на зелени површини со повеќегодишни растенија во урбаниот дел на општината. На координативен состанок Здружението „Трифор“, со експерти од шумарскиот факултет, претставници од општината и ЈП „Комуналец“ Сектор паркови и зеленило, што се одржа вчера во општинската сала, беше договорено на кој начин ќе се реализираат теренските активности за детекција, регистрирање, управување и мониторинг на зелените површини и урбаната дендрофлора во градот.
Крива Паланка е меѓу првите, една од само шест општини во државата што активно работи на изработка на зелен катастар, законска обврска на општините. Истиот ќе придонесе за квалитетна стратегија за развој на зеленилото на подрачјето на градот, со детални информации за над 5000 точки, садници, во системот на интегрирани податоци, видливи и достапни за јавноста.
Бојан Симовски, професор на Шумарскиот факултет, Скопје, ја поздрави проектната активност на Општина Крива Паланка за изработка на зелен катастар, кој, рече, носи голем бенефит за општината.
-Зелениот катастар е област што никогаш не се завршува, бидејќи често се работи на акции за пошумување, се случуваат сечи или пожари. Ја поздравувам големата ангажираност на општината и инволвираните во проектот , со оглед дека од голема важност е навремниот почеток на подготовки за работа, зашто теренските активности ќе започнат во зависнот од будењето на вегетацијата, за да се спроведе попис на садниците со орто-фото снимки и дронски снимки, рече Симовски.
Зелен катастар на урбаниот дел на градот Крива Паланка се изработува во рамки на проектот „ПАРКС“ – што Општина Крива Паланка заедно со Дупница го реализира преку ИПА Програмата на ЕУ за прекугранична соработка помеѓу Северна Македонија и Бугарија.
Во рамки на проектот се уредува нов урбан зелен парк на површина од 1800 емтри квадратни кај комплексот згарди до градски зелен пазар, ќе биде поставен сензор з амерење на квалитет на воздухот, ќе се изработи публикација-прирачник за одгледување растенија и ќе се одржат обуки за одгледувањ еамбиентални растенија, за локалното население.ид/са/
Фото МИА