• петок, 22 ноември 2024

САД разгледуваат помош за Украина во вид на кредити обезбедени од замрзнатите руски активи

САД разгледуваат помош за Украина во вид на кредити обезбедени од замрзнатите руски активи

Вашингтон, 9 март 2024 (МИА) - САД можат да доделат помош на Украина во вид на кредити обезбедени од замрзнатите руски активи, соопшти денеска Ен-Би-Си повикувјќи се на свои извори.

Спикерот на Претставничкиот дом Мајк Џонсон и претставници на низа комитети спремаат предлог закон за невоена помош за Украина, јави телевизијата.

Авторите на предлогот се надеваат дека тој може да помине во Конгресот „не отуѓувајќи ги конзерваторите кои настапуваат против понатамошно финансирање“ на Украина. Соговорници на Ен-Би-Си изјавија дека планот е во првична фаза и далеку од целосна реализација.

Се предлага разгледување на дел од невоената помош како кредит. Руските активи замрзнати како резултат на санкциите можат да бидат искористени како залог при давање кредити на Украина. кб/мс/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан