• сабота, 20 април 2024

САД подготвени на дијалог со Пјонгјанг независно „новите“ севернокорејски провокации

САД подготвени на дијалог со Пјонгјанг независно „новите“ севернокорејски провокации
Вашингтон, 27 април 2022 (МИА) - Соединетите Американски Држави сооштија дека сè уште се отворени за дијалог со Северна Кореја, независно „новите провокации“ од Пјонгјанг и најавите на севернокорејскиот лидер Ким Јонг-ун за јакнење и развој на нуклеарното оружје. Јонг-ун во обраќањето на големата воена парада во понеделникот на која беа презентирани интерконтинентални балистички ракети вети забрзан развој на нуклеарниот арсенал на неговата земја. Пјонгјанг неодамна ги интензивираше тестирањата на оружјето и демонстрациите на воена моќ, во мигови на застој на преговорите за денуклеаризација со САД и преземање на власта во Сеул од страна на новата конзервативна администрација. „И во иднина ќе бидеме отворени за дипломатија и дијалог со Северна Кореја, да ја запре својата нуклеарна програма“, изјави портпаролот на Стејт департментот, Нед Прајс. Според него, САД сè уште имаат „обврска да одговорат на неодамнешните провокации од Северна Кореја“, притоа посочувајќи на двете тестирања ракети со голем дострел. Најавите на Ким Јонг-ун дека ќе ги зајакне и развива нуклеарните потенцијали потврдува дека „Северна Кореја е закана за мирот, за меѓународната безбедност и протоколот за неширење на нуклеарно оружје“, додаде Прајс. аб/паг/

Остани поврзан