• среда, 15 мај 2024

САД одобрија потенцијална продажба на крајбрежни ракетни одбранбени системи на Летонија

САД одобрија потенцијална продажба на крајбрежни ракетни одбранбени системи на Летонија

Вашингтон, 3 мај 2023 (МИА) – Американскиот Стејт департмент одобри потенцијална продажба на крајбрежни ракетни одбранбени системи и опрема на Летонија за околу 110 милиони долари, соопшти Пентагон.

Продажбата доаѓа во време кога европската побарувачка за американско оружје е во пораст, но наместо скапа опрема како авиони и тенкови, списоците за купување се насочени кон поевтини и помалку софистицирани предмети како што се проектили, артилерија и беспилотни летала, кои се докажани во војната во Украина.

Пентагон соопшти дека пакетот ќе вклучува неодреден број тактички и тренинг ракети, мобилни оперативни платформи и опрема за интеграција и одржување, како и резервни делови и техничка поддршка.

Агенцијата за одбранбена и безбедносна соработка на Пентагон вчера го извести Конгресот за можната продажба.

И покрај одобрението на Стејт департментот, во известувањето не се наведува дали е потпишан договор или дали преговорите се завршени. Ракетите НСМ можат да бидат лансирани од море или од копно и имаат дострел од околу 250 километри. ми/

фото: МИА архива

Остани поврзан