• недела, 22 декември 2024

Макрон свика кризен состанок за немирите во Нова Каледонија

Макрон свика кризен состанок за немирите во Нова Каледонија

Париз, 15 мај 2024 (МИА) - Францускиот претседател Емануел Макрон денеска итно свика состанок на Советот за одбрана и национална безбедност на кој ќе се разговара за немирите во кои загинаа две лица, а стотици беа повредени во Нова Каледонија, соопшти неговиот кабинет.

Макрон го откажа патувањето во францускиот регион планирано за денеска за да се справи со кризата на територијата на Тихиот Океан, а редовниот неделен состанок на владата е поместен за попладне, соопштија официјални лица.

Во немирите во Нова Каледонија едно лице е застрелано, а повредени се стотици луѓе, вклучувајќи околу 100 полицајци и жандарми, соопшти претходно францускиот министер за внатрешни работи, Жералд Дарманин. Десетици домови и деловни објекти биле запалени за време на немирите поврзани со гневот поради уставните реформи. Повеќе од 130 лица се приведени.

Немирите започнаа во понеделникот додека Франција расправаше за планираниот закон со кој на илјадници француски граѓани на јужниот пацифички архипелаг ќе им се даде право на глас, а со тоа и поголемо политичко влијание. Националното собрание во Париз преку ноќ ја усвои реформата со 351 глас за и 153 против. мс/

фото: ЕПА

Остани поврзан