• среда, 24 јули 2024

Предлог-законот за амнестија за каталонските сепаратисти вратен во шпанскиот Конгрес

Предлог-законот за амнестија за каталонските сепаратисти вратен во шпанскиот Конгрес

Мaдрид, 15 мај 2024 (МИА) - Предлог-законот за амнестија за каталонските сепаратисти, вклучувајќи го и Карлес Пучдемон, поранешниот претседател на шпанската провинција, е вратен во Конгресот откако Народната партија (ПП) стави вето.

Шпански медиуми наведуваат дека укинувањето на ветото се очекува со поддршка на Социјалистичката партија (ПСОЕ) на премиерот Педро Санчез и нејзините парламентарни партнери, како и дека ќе се гласа за конечно одобрување на законот за амнестија.

Иако рокот за гласање е средината на јули, шпанските медиуми наведуваат дека намерата на социјалистите е гласањето да заврши на пленарната седница на 30 мај. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан