• петок, 22 ноември 2024

САД, ОАЕ и Израел во Абу Даби разговараа за планот за повоена Газа, изјавија израелски претставници за сајтот Аксиос

САД, ОАЕ и Израел во Абу Даби разговараа за планот за повоена Газа, изјавија израелски претставници за сајтот Аксиос

Абу Даби, 23 јули 2024 (МИА) - Израел и Обединетите Арапски Емирати одржаа состанок во Абу Даби минатиот четврток за да разговараат за плановите за Газа по крајот на војната, изјавија двајца израелски официјални претставници за влијателниот американски политички сајт Аксиос.

Неименувани извори тврдат дека домаќин на средбата бил министерот за надворешни работи на Емиратите, Абдула Бин Зајед.

Од американска страна присуствувале главниот советник на американскиот претседател Џо Бајден за Блискиот Исток, Брет Мекгурк и советникот на Стејт департментот Том Саливан. рп/

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан