РФМ побара одложување на натпреварот со Словенија, ЕХФ не дозволи, мечот ќе почне со едноминутен молк
- Ракометната федерација на Македонија денес стапи во контакт со официјални лица од Европската ракометна федерација и побара оддложување на натпреварот меѓу националните сениорски селекции на Словенија и Македонија, но истото не беше оддобрено, соопшти РФМ.

Скопје, 16 март 2025 (МИА) - Ракометната федерација на Македонија денес стапи во контакт со официјални лица од Европската ракометна федерација и побара одложување на натпреварот меѓу националните сениорски селекции на Словенија и Македонија, но истото не беше одобрено, соопшти РФМ.
Натпреварот ќе започне со минута молк.
Претходно РФМ, поради огромната трагедија во Кочани ги оддложува сите денешни натпревари во сите категории.
- Во овие тешки моменти нашите мисли и молитви се со семејствата и настраданите во трагедијата.
Упатуваме искрено сочувство! – објави Ракометната федерација на Македонија.
Почетокот на натпреварот Словенија – Македонија е закажан за 18:30 часот вечер во Копер. зс/
Фото: РФМ