• петок, 04 октомври 2024

Руски државјанин приведен во САД под обвинение за нелегален извоз на електроника за дронови во Русија

Руски државјанин приведен во САД под обвинение за нелегален извоз на електроника за дронови во Русија

Вашингтон, 17 септември 2024 (МИА) - Руски државјанин кој живее во Сарасота, Флорида, бил уапсен вчера под обвинение за шверц, перење пари и нелегален извоз во Русија на технолошки производи кои можат да се користат за производство на дронови, соопшти американското Министерство за правда, цитирано од британските медиуми.

Во обвинението се наведува дека по инвазијата на руските сили во Украина во 2022 година, 44-годишниот Денис Постовој набавил микроелектронски делови што незаконски ги извезувал во Русија, кои би можеле да се користат за производство на дронови, се вели во обвинението на веб-страницата на Министерството за правда.

-Според обвинението, овој обвинет незаконски извезувал технологии за двојна употреба во Русија што би можеле да ја зголемат нејзината способност да води неиспровоцирана војна против Украина, рече американскиот обвинител Метју Грејвс во соопштението.

Руската амбасада во САД на апликацијата за комуникации Телеграм соопшти дека знаела за приведувањето на Постовој, но дека „не добила никакво официјално известување од локалните органи за спроведување на законот“.

Според американското Министерство за правда, Постовој користел мрежа на компании во Русија и Хонг Конг, нарачувајќи делови од американските дистрибутери и испраќајќи ги во Русија. мс/

фото: МИА архива

vranec_world_day_2024_300x250

Остани поврзан