• недела, 05 мај 2024

Руски проектил оштети клучна инфраструктура, повредени шест лица во украинската област Черкаси

Руски проектил оштети клучна инфраструктура,  повредени шест лица во украинската област Черкаси

Киев, 25 април 2024 (МИА) - Руски проектил оштети клучна инфраструктура при што се повредени шест лица во украинскиот регион Черкаси, соопшти денеска началникот на локалната регионална воена администрација Игор Табурец.

Цел на нападот биле цивилната и железничката инфраструктура во градот Смела, објави на телевизија портпаролот на украинските воздухопловни сили Илја Јевлаш. Тој прецизираше дека според првичните информации нападот бил извршен со проектил „Искандер-К“.

Во нападот се оштетени и 47 станови и биле скршени стакла на висококатница, напиша Табурец на својот канал на Телеграм.

Тој додаде дека украинската противвоздушна одбрана го соборила проектилот, а тимовите за итни случаи работат во погодените области. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан