• недела, 22 декември 2024

Русија ноќеска почна воздушни напади на југот и истокот од Украина

Русија ноќеска почна воздушни напади на југот и истокот од Украина

Киев, 18 јули 2023 (МИА) - Русија во текот на ноќта почна со воздушни напади врз јужна и источна Украина користејќи беспилотни летала и балистички ракети, соопштија рано утринава украинските воздухопловни сили.

Јужното пристаниште Одеса и регионите Миколаив, Доњецк, Херсон, Запорожје и Дњепар се под закана од напад од руски беспилотни летала, јави Военото воздухопловство на апликацијата за пораки Телеграм.

Се додава дека Русија можеби користи балистичко оружје за да ги нападне регионите Полтава, Черкаси, Дњепар, Харков и Кировоград.

Олех Кипер, началник на воената администрација на регионот Одеса, изјави дека тамошните системи за противвоздушна одбрана се ангажирани за одбивање на нападите од руски беспилотни летала.

„Постои веројатност од неколку бранови напади“, рече Кипер на Телеграм. сд/

Остани поврзан