• среда, 10 јули 2024

Русија ги обвини САД за планирање на промена на режимот во Грузија

Русија ги обвини САД за планирање на промена на режимот во Грузија

Москва, 9 јули 2024 (МИА) - Вашингтон е решен да изврши промена на режимот во Грузија по резултатите од претстојните парламентарни избори. Администрацијата на Бајден веќе започна информативна кампања за дискредитација на владејачката партија во земјата, Грузискиот сон, соопшти руската служба за надворешно разузнавање.

Засега нема коментар од американското Министерство за надворешни работи, а на слично обвинување во јуни беше одговорено дека САС нема таков план.

Владејачката партија Грузиски сон, исто така, не ги коментираше обвинувањата на руската служба за надворешно разузнавање, но претходно претставници на таа партија постојано ги обвинуваа западните земји дека силно ги поддржуваат грузиските опозициски групи со цел да ја вовлечат земјата во конфликт со Русија. рп/

Фото: МИА архива

 

Остани поврзан