• недела, 22 декември 2024

Русија вели дека спречила обид на украинските сили да одземат руски воен хеликоптер

Русија вели дека спречила обид на украинските сили да одземат руски воен хеликоптер

Москва, 11 ноември 2024 (МИА) - Руската Федерална служба за безбедност (ФСБ) објави дека е спречена украинската воено-разузнавачка операција за присвојување на руски хеликоптер за електронско војување.

-Федералната служба за безбедност ја откри и ја потисна операцијата на Главната разузнавачка управа на Министерството за одбрана на Украина за присвојување на хеликоптерот за електронско војување Ми-8МТПР-1 на руските воздушни сили, се вели во соопштението на ФСБ.

Се забележува дека украинското воено разузнавање се обидело да регрутира руски воен пилот со цел да одземе авион на територијата под контрола на украинските вооружени сили.

Како што изјави самиот руски пилот во видеото објавено од ФСБ, претставник на украинските специјални служби се обидел да го регрутира преку Телеграм. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан