• среда, 01 мај 2024

Роналдо: Апсолутно сум среќен во Саудиска Арабија

Роналдо: Апсолутно сум среќен во Саудиска Арабија

Ријад, 10 март 2024 (МИА) - Напаѓачот на Ал Наср, Кристијано Роналдо зборуваше за животот во Саудиска Арабија.

- Среќен сум што сум во Саудиска Арабија, многу среќен. Среќен сум што го претставувам Ал-Наср и за мене нашата сезона е позитивна бидејќи сè уште имаме шанси на сите турнири, го цитира Роналдо новинарот Фабицио Романо.

Триесет и деветгодишниот Португалец настапува за Ал-Наср од јануари 2023 година. Оваа сезона Роналдо одигра 31 натпревар, постигна 28 гола и 11 асистенции.

Во текот на својата кариера Роналдо настапуваше и за Манчестер јунајтед, Јувентус, Реал Мадрид и матичниот клуб Спортинг од Лисабон. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан