Романот ,,Ако се родат некакви чувства" од Блаже Миневски промовиран во Кавадарци
- Романот ,,Ако се родат некакви чувства" од Блаже Миневски беше промовиран денеска во Домот на културата „Иван Мазов - Климе" во Кавадарци.

Кавадарци, 8 јуни 2023 (МИА) - Романот ,,Ако се родат некакви чувства" од Блаже Миневски беше промовиран денеска во Домот на културата „Иван Мазов - Климе" во Кавадарци.
Директорката на културниот дом, Јулијана Туриманџова, зборуваше за Миневски како македонски раскажувач, романсиер, драматург. Таа се осврна на неговиот живот и напишаните дела.
Дипломирал на Интердисциплинарните студии по новинарство на Правниот факултет во Скопје. Како новинар работел во повеќе медиуми и списанија, а член е на Друштвото на писатели на Македонија, добитник е на повеќе награди.
- Овој роман е чудесна и комплексна историографска метафикција, за тоа што е љубовта и кои се најприсутните чувства кај човекот, рече меѓу другото Туриманџова. свд/хс/
Фото: Дом на култура Кавадарци