• недела, 22 декември 2024

Романија повторно подобра од македонските ракометари

Романија повторно подобра од македонските ракометари

Букурешт, 16 март 2024 (МИА) - Македонската ракометна репрезентација го доживеа вториот пораз од Романија, која денеска беше подобра со 28:24 (15:10). 

И вчера двете репрезентации играа пријателски меч, а тогаш Романците победија со 32:27.

„Жолто-црвените“ имаа проблем со реализацијата и немаа ниту едно водство во текот на натпреварот, па заслужено доживеаја пораз.

Мартин Серафимов со пет голови беше најфеикасен во нашата селекција, по четири постигнаа Марко Митев и Жарко Пешевски.

Инаку на овие натпревари селекторот Кирил Лазаров не може да смета на неколку играчи - Филип Кузмановски, Ненад Костески, Павле Атанасијевиќ и Томислав Јагуриноски. 

Натпреварите против Романија како дел од ЕХФ неделата се дел од подготовките за мечот против Фарски Острови во мај за пласман на Мундијалот.дс

Фото: Архива

Остани поврзан