Александер – Арнолд: Доаѓањето во Реал е остварување на сонот
- Новиот фудбалер на Реал Мадрид, Трент Александар-Арнолд, изјави денеска дека го остварил својот сон со доаѓањето во шпанскиот гигант, истакнувајќи оти Кралскиот клуб бил единствената причина поради која сакал да го напушти Ливерпул.
Мадрид, 12 јуни 2025 (МИА) – Новиот фудбалер на Реал Мадрид, Трент Александар-Арнолд, изјави денеска дека го остварил својот сон со доаѓањето во шпанскиот гигант, истакнувајќи оти Кралскиот клуб бил единствената причина поради која сакал да го напушти Ливерпул.
Александар-Арнолд потпиша шестгодишен договор со Реал на крајот на мај, откако целата своја кариера досега ја мина во редовите на новиот англиски шампион.
На неговата денешна промоција на „Сантијаго Бернабеу“, англискиот фудбалер зборуваше на шпански јазик и му се заблагодари на претседателот на клубот Флорентино Перез за трансферот.
„Потпишувањето договор со Реал Мадрид не се случува секој ден. Ова е сон што се остварува. Сакам да бидам победник и да играм покрај најдобрите“, рече Александар-Арнолд.
На прашањето колку долго студира шпански јазик, англискиот фудбалер одговори: „Неколку месеци“.
Александер – Арнолд ќе дебитира за Реал на Светското клупско првенство кое од 14 јуни до 13 јули ќе се одржи во САД.
„Главната причина поради која дојдов е да бидам дел од големата историја на клубот и да бидам дел од идните успеси. Возбудлив, млад тим со многу потенцијал и став за освојување трофеи. Многу сум возбуден поради почетокот. Одиме во САД на Светското клупско првенство и нашата амбиција е да го освоиме трофејот. Сакам добар почеток“, додаде 26-годишниот Александер – Арнолд. ег
ФОТО: ЕПА