• четврток, 04 декември 2025

Полскиот селектор поднесе оставка

Полскиот селектор поднесе оставка

 

Варшава, 12 јуни 2025 (МИА) – Селекторот на полската фудбалска репрезентација, Михал Пробиерж, објави денеска дека поднесува оставка „за доброто на тимот“.

Одлуката доаѓа по отворениот конфликт меѓу Пробиерж и репрезентативниот капитен Роберт Левандовски, како и по поразот (1-2) од Финска во вторникот во мундијалските квалификации.

„Дојдов до заклучок дека во сегашната ситуација најдобрата одлука во корист на тимот е мојата оставка како главен тренер“, напиша Пробиерж на социјалната мрежа Икс, заблагодарувајќи им се на колегите, играчите, навивачите и на националниот тим.

Во неделата, Пробиерж му ја одзеде капитенската лента на Роберт Левандовски, а кратко потоа ѕвездата на полската репрезентација и на Барселона го објави своето пензионирање од националниот тим доколку Пробиерж остане селектор. ег

ФОТО: ЕПА

Остани поврзан