• недела, 28 април 2024

Речиси 40 авиони слетаа денеска на аеродромот во Балчик

Речиси 40 авиони слетаа денеска на аеродромот во Балчик

Балчик, 13 април 2024 (МИА/БТА) – Речиси 40 мали авиони слетаа денеска на аеродромот во Балчик. На овој начин романските и бугарските пилоти на мали машини официјално го одбележаа влезот на двете земји во Шенген зоната по воздушен пат. Настанот, кој помина под наслов Шенген проверка, ќе се повтори на 27 април, но тогаш домаќин ќе биде аеродромот Тузла.

Ова е веста, која денеска ја избра МИА од сервисот на Бугарската телеграфска агенција (БТА), согласно Договорот за размена на информации и професионална соработка, кој предвидува секој ден националните информативни агенции на Северна Македонија и Бугарија да разменуваат по една вест, која ќе ја објават на својот интернет сајт без промени со изрично посочување и цитирање на партнерот како извор.

Пилотите и гостите на иницијативата денеска ги поздрави Иван Димитриев, извршен директор на аеродромот во Софија, кој управува со приморскиот аеродром од 2016 година. Меѓу гостите беше и извршниот директор на „Албена“ АД Красимир Станев.

Јанко Стоименов, член на Управниот одбор на Здружението на бугарски пилоти и сопственици на авиони, истакна дека денеска се остварува заедничкиот сон на бугарските и романските пилоти – слободно да летаат, без граници во Европа. Според него, сега е само почеток, а придобивките од влезот на двете земји во Шенген допрва ќе се чувствуваат.

Претседателот на романската организација на пилоти, Андреј Зинченцо, додаде дека конечно Бугарите и Романците можат да се чувствуваат достојни жители на европскиот простор, потсетувајќи дека двете земји допрва треба да бидат примени и на копно.

______________________________________________________________________________________

Медиумската информативна агенција овие текстови ги објавува во оригинална форма, согласно Договорот за размена на информации и професионална соработка меѓу двете национални новински агенции МИА и БТА.

 

Остани поврзан