• недела, 22 декември 2024

Редовно сообраќаат автобусите на ЈСП „Скопје“, вработените денеска ќе ја добијат јануарската плата

Редовно сообраќаат автобусите на ЈСП „Скопје“, вработените денеска ќе ја добијат јануарската плата

Скопје, 16 февруари 2024 (МИА) - Автобусите на Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ утрово излегоа од двете авто бази во Автокоманда и Ѓорче Петров и редовно сообраќаат. 

- Надминати се надоразбирањата околу личниот доход и вработените денес ќе ја добијат јануарската плата. Во интерес на нашите корисници на услуги, ќе ја сервисираме нашата обрска кон нив редовно, со сите автобуси предвидени за јавен градски превоз, изјави утрово за МИА Миќо Стојановски, претседател на Синдикатот на ЈСП „Скопје“.

Тој нагласи дека јавниот градски превоз ќе функционира нормално. Изрази надеж дека ова ќе биде крај на, како што рече, сите недоразбирања и дека нема повеќе граѓаните да се занимваат со вработените на ЈСП „Скопје“, нивните работни обврски и плати.

Според вчерашните најави на синдикатите, денеска автобусите на Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ не требаше да сообраќаат поради неисплата на јануарската плата. мд/са/

Фото: МИА архива 

 

Остани поврзан