• сабота, 21 септември 2024

Реал им ги зголеми платите на Белингем и Винисиус

Реал им ги зголеми платите на Белингем и Винисиус


Мадрид, 20 септември 2024 (МИА) – Фудбалерите на Реал Мадрид, Џуд Белингем и Винисиус Јуниор добија зголемување на платата, објави денеска весникот „Л’Екип“.
Според истиот извор, Белингем и Винисиус сега добиваат иста плата како и француската фудбалска ѕвезда Килијан Мбапе.
Одлуката да им ги зголеми платите на двајцата играчи раководството на шпанскиот клуб ја донесе со цел да нема тензија во соблекувалната.
Белингем, Винисиус и Мбапе сега имаат иста плата, и заработуваат 15 милиони евра годишно. ег ФОТО: Фејсбук

Остани поврзан