• петок, 05 декември 2025

Милан се согласи да го продаде Мењан на Челзи за 18 милиони евра

Милан се согласи да го продаде Мењан на Челзи за 18 милиони евра

Милано, 8 јуни 2025 (МИА) - Милан и Челзи се согласија за трансферната сума на голманот Мајк Мењан, објави „Ла Газета дело Спорт“.

Според италијанскиот спортски весник, Милан се согласил за сума од 18 милиони евра за 29-годишниот Французин.

Претходно, италијанскиот клуб побарал од Англичаните 30 милиони евра, додека Челзи бил подготвен за 15 милиони евра. Во исто време, „Сините“ веќе се договориле за личните услови со голманот.

Минатата сезона, Мењан одигра 52 натпревари на сите турнири, од кои на 14 не прими ниту еден гол. Неговиот договор со Милан важи до летото 2026 година. 

Порталот „Трансфермаркт“ ја проценува вредноста на играчот на 25 милиони евра. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан