• петок, 05 декември 2025

Покетино ги негира гласините за враќање во Тотенхем

Покетино ги негира гласините за враќање во Тотенхем

Њујорк, 8 јуни 2025 (МИА) - Селекторот на американската фудбалска репрезентација, Маурисио Покетино, ги негираше гласините за враќање во Тотенхем.

- Мислам дека откако си заминав во 2019 година, бев поврзуван со тимот секој пат кога имаше слободно менаџерско место во Тотенхем. Моето име беше на списокот. Ги прочитав гласините. Видов дека има 100 менаџери на списокот на клубот.

Не мислам дека има потреба да се грижите за тоа. Ако нешто се случи, сигурно ќе го видите, но не можеме да зборуваме за тоа бидејќи не мислам дека е реално денес. Јас сум таму каде што сум, изјави Покетино за „АП“.

Аргентинецот го тренираше Тотенхем од 2014 до 2019 година, а заедно со тимот стигна до финалето на Лигата на шампионите, во кое лондонци загубија од Ливерпул (0:2).

Покетино работеше и како главен тренер на Еспањол, Саутемптон, ПСЖ и Челзи. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан