• петок, 17 мај 2024

Реал без пораз на 29 натпревари

Реал без пораз на 29 натпревари
Мадрид, 3 јануари 2021 година (МИА) - Реал Мадрид синоќа забележа победа над Селта во натпреварот од 17. коло на Шпанското фудбалско првенство. Избраниците на тренерот Зинедин Зидан го победија ривалот од Виго со резултат 2:0. Головите ги постигнаа Лукас Васкез и Марко Асенсио. Оваа победа му овозможи на Реал Мадрид да стигне до 36 бода и да ја заземе првата позиција во поредокот барем до попладне. „Кралскиот клуб“ е без пораз на 29 првенствени натпревари по ред со биланс 22 победи, седум нерешени средби. зс/

Остани поврзан